ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Мајка пријавена дека го удирала своето тримесечно бебе од асфалт!

ХОРОР ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Мајка пријавена дека го удирала своето тримесечно бебе од асфалт!

Во Тетово е пријавен сериозен случај на можен акт на насилство врз тримесечно бебе, по што полицијата веднаш интервенирала и ги презела сите потребни мерки за заштита на детето и расчистување на случајот.

Според информациите од СВР Тетово, на 14 јуни 2026 година околу 17:20 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово. Во продолжение на постапката, околу 18:30 часот во селото Сараќино бил приведен и Б.С. (37) од истото село.

Претходно, околу 15:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека жена била забележана како физички го малтретира своето тримесечно бебе и го удира во асфалт. Сведоци на настанот веднаш реагирале, го одзеле детето и го пријавиле случајот во полиција, со што е спречено натамошно можно загрозување на животот и здравјето на доенчето.

По интервенцијата, во случајот биле вклучени и социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица.

Од надлежните институции информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека истрагата продолжува за утврдување на сите околности.

Се очекуваат и дополнителни информации за состојбата на бебето и понатамошната постапка на институциите.

Најнови вести