73-годишна жена била пронајдена почината во својот дом во селото Кучевиште, во скопскиот регион.
Случајот бил пријавен на 10 ноември, во 16:55 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош, кој ја констатирал смртта, по што полициска екипа извршила увид.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата жена било предадено на Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.






