Пожар избувна вечерва во пекара во близина на „Рекорд“, во центарот на Скопје, по што на местото веднаш интервенирале противпожарните служби.
Според првичните информации, на терен било испратено едно противпожарно возило, кое започнало со гаснење на огнот.
Набргу по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнала и полицијата, која го обезбедува просторот и ги утврдува околностите под кои настанал инцидентот.
Во моментов не се познати причините за пожарот, ниту дали има повредени или е причинета поголема материјална штета.
Повеќе информации од надлежните институции се очекуваат во текот на денот ден.










