ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ ВО АВТОБУС: Жена нападната среде возење, приведен 42-годишник!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ ВО АВТОБУС: Жена нападната среде возење, приведен 42-годишник!

Четириесет и двегодишен скопјанец бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз 59-годишна жена во автобус во скопската населба Бутел.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 ноември, кога полициски службеници го лишиле од слобода Д.М. (42) од Скопје.

Полицијата постапила по пријава дека тој физички ја нападнал В.К. (59) додека се наоѓале во автобус.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против приведениот ќе следува соодветен поднесок.