Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера вечер на автопатот Миладиновци–Штип, откако патничко возило излетало надвор од коловозот, при што возачката се здобила со сериозни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 10 јули околу 19:05 часот во ОВР Свети Николе. Патнички автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишната И.Ј. од Скопје, од засега неутврдени причини излетал од патот.
Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, а по укажаната медицинска помош во Клиничката болница во Штип, повредите биле официјално констатирани од лекарите.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе, која работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.









