ПРВ.мк
Црна Хроника

ВО ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ: Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство!

ВО ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ: Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство!

Во Основниот суд во Куманово во четврток ќе започне судскиот процес против 25-годишниот Трајко Б. од селото Малотино, општина Старо Нагоричане, кој се соочува со едни од најтешките обвиненија во поновата македонска судска практика.

Според обвинението, тој се товари за четири убиства и два обиди за убиство, извршени во текот на минатата и оваа година. Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради тежината на кривичните дела и околностите под кои биле извршени.

Според обвинителството, сите жртви биле жени, а случајот се третира како прв сериски случај во Македонија со елементи на фемицид, бидејќи нападите, според обвинението, биле насочени кон жени поради нивниот пол.

Доколку биде прогласен за виновен, обвинетиот се соочува со затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор, согласно одредбите од Кривичниот законик.

Судскиот процес ќе се води пред Основниот суд во Куманово, а обвинението ќе го застапува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, Љубомир Лапе. Во текот на постапката се очекува да бидат презентирани материјални докази, вештачења и сведочења кои треба да ги разјаснат сите околности поврзани со случајот.

Најнови вести