ПРВ.мк
Црна Хроника

Вистински хорор кај Треска – тројца млади извлечени од надојдената вода

Вистински хорор кај Треска – тројца млади извлечени од надојдената вода

Тројца млади биле успешно спасени по драматична интервенција откако ги повлекла реката Треска. Благодарение на брзата реакција на спасувачките служби, тие биле извлечени на безбедно без потешки последици.

Според информациите, по пријавата за инцидентот веднаш биле мобилизирани надлежните служби, кои започнале спасувачка акција. По координирана интервенција, тројцата младиќи биле безбедно извлечени од реката.

Надлежните повторно апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни при престој покрај реките, особено во периоди кога водостојот може нагло да се зголеми поради испусти од хидроцентралите или други природни фактори.