ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ГАСНЕЊЕТО: Двајца пожарникари го загубија животот во големиот пожар кај аеродромот!

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ГАСНЕЊЕТО: Двајца пожарникари го загубија животот во големиот пожар кај аеродромот!

Голем пожар што вчера избувна во близина на аеродромот Бордо-Мерињак во Франција заврши со трагичен биланс. Двајца пожарникари ги загубија животите додека се бореле со огнената стихија, пренесуваат француските медиуми.

Пожарот избувнал околу 14:30 часот во близина на аеродромот, поради што бил нарушен авионскиот сообраќај, а голем број летови биле откажани или одложени додека траела интервенцијата.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека двајцата пожарникари загинале за време на интервенцијата.

„Штотуку дознав од префектот на Жиронд дека двајца пожарникари загинале додека гаснеле пожар во објект во Мерињак, во департманот Жиронд“, изјави Нуњез, додавајќи дека веднаш ќе отпатува на местото на трагедијата.

Огнот зафатил површина од околу еден хектар, а снимките од очевидци покажуваат густ црн чад кој се издигал високо над аеродромот и бил видлив од голема оддалеченост.

Во акцијата за гаснење биле вклучени голем број противпожарни екипи, а помош пристигнала и од воздух, со цел пожарот што побрзо да биде ставен под контрола и да се спречи негово понатамошно ширење.

Пожарот избувнал во близина на долгорочниот паркинг П4, кој се наоѓа покрај аеродромот Бордо-Мерињак. Од управата на аеродромот соопштија дека, иако огнот бил во непосредна близина, аеродромските објекти не биле зафатени од пламенот.

Според министерот за транспорт Филип Табаро, пожарот бил локализиран околу 17:30 часот, по што авионскиот сообраќај постепено почнал да се нормализира, а полетувањата и слетувањата повторно се одвивале без поголеми пречки.

Инаку, во департманот Жиронд уште во вторникот било прогласено највисоко, црвено ниво на опасност од шумски пожари поради исклучително сувата вегетација и неповолните временски услови, кои значително го зголемиле ризикот од брзо ширење на огнот.

ВИДЕО