ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Тешка несреќа на излезот од Охрид – сообраќајот се одвива отежнато

(ВИДЕО) Тешка несреќа на излезот од Охрид – сообраќајот се одвива отежнато

Тешка сообраќајна несреќа се случи на излезот од Охрид, во близина на локалитетот Помолие, каде што според првичните информации е оштетен најмалку еден патнички автомобил.

Во силниот удар значително е оштетена и инфраструктурата покрај патот, при што искршени се неколку канделабри од уличното осветлување.

Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени или загинати лица. На местото се очекува увид од надлежните служби, кои ќе ги утврдуваат причините и околностите под кои дошло до сообраќајката.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница се одвива забавено, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.

ВИДЕО