ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Светиот храм на мета на крадци: Две лица со хилта се обиделе да влезат во црквата „Св. Петка“!

(ВИДЕО) Светиот храм на мета на крадци: Две лица со хилта се обиделе да влезат во црквата „Св. Петка“!

Две лица синоќа се обиделе насилно да провалат во црквата „Св. Петка“ во селото Ботун, која се наоѓа покрај патот кон Охрид, но нивниот обид завршил безуспешно, информираат мештани за „Скопје1“.

Според жителите кои доставиле снимка од безбедносните камери, обидот за упад се случил околу 20 часот. На видеозаписот се гледаат две лица кои пристапуваат кон влезната врата на верскиот објект и се обидуваат насилно да ја пробијат со тежок метален алат, налик на хилта.

И покрај обидите да ја оштетат вратата, сторителите не успеале да влезат во црквата и да ја реализираат својата намера.

Случајот бил пријавен во полиција, која треба да изврши проверки и да ги идентификува лицата кои се обиделе да упаднат во верскиот објект.

Мештаните очекуваат надлежните институции да преземат соодветни мерки и да се спречат слични случаи во иднина.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Извор: Скопје1.мк