Две згради се урнаа утрово во населбата Фатих во Истанбул поради експлозија, која најверојатно била предизвикана од природен гас, објави Си-ен-ен Турк.
На местото на настанот веднаш беа испратени бројни полициски, противпожарни и медицински екипи, како и тимови на АФАД, за да ги извршат спасувачките операции.
Според Истанбулската управа, тројца од петте лица заробени под урнатините се спасени и пренесени во болница, додека операциите за пронаоѓање на преостанатите две лица продолжуваат. Една од спасените лица била извлечена непосредно по уривањето.
Се преземени се безбедносни мерки во областа, а спасувачките тимови продолжуваат со пребарувањето на урнатините за да обезбедат целосна безбедност на населението.


















