Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади, при што меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.
По ударот, градот беше делумно евакуиран, а жителите и туристите се засолнуваат во подземните паркинзи и безбедни простории. Според првичните извештаи од странските медиуми, има повредени лица.
Властите апелираат до граѓаните да ја следат безбедносната ситуација и официјалните упатства, додека екипите за итни интервенции се на терен и ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на населението.


















