Педесет и четиригодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имал активна забрана за возење.
Инцидентот се случил на 28 февруари околу 21:10 часот на автопатот Куманово–Велес, кај клучката Аеродром во Скопје. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот сопреле патничко возило „Ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.А. (54).
По извршен алкотест било утврдено дека возачот имал 1,99 промили алкохол во крвта. Дополнително, било констатирано дека тој имал и активна забрана за управување моторно возило.
Лицето е приведено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



















