ПРВ.мк
Црна Хроника

Уапсена директорка: Префрлала пари на сопствената фирма, па купила петсобен стан во елитна населба

Уапсена директорка: Префрлала пари на сопствената фирма, па купила петсобен стан во елитна населба

Српската полиција уапси директорка од Белград и нејзин соработник поради сомневање за финансиски злоупотреби, при што дел од парите наводно биле искористени за купување петсобен стан во белградската населба Врачар.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, уапсена е М. М. (45) од Белград, осомничена за злоупотреба на положбата на одговорно лице и перење пари.

Во истата акција е приведен и Љ. В. (55) од Чачак, кој се сомничи за злоупотреба на положбата на одговорно лице.

Според полициските информации, М. М., како директорка на компанија од Белград со повеќе сопственици, наводно ги пречекорила своите овластувања и без претходна согласност од сопствениците префрлила поголема сума пари на сметка на друга фирма што била во нејзина сопственост.

Полицијата се сомнева дека префрлањето на парите било извршено со помош на второосомничениот.

Според сомневањата на истражните органи, директорката потоа ги искористила средствата за купување петсобен стан на Врачар, со што наводно им нанела финансиска штета на сопствениците на компанијата.

Апсењето го спровеле припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на надлежното обвинителство во Белград.

На двајцата осомничени им е одредено полициско задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.

Истрагата треба да ги утврди сите околности околу спорните финансиски трансакции и купувањето на недвижноста.