Трагедија се случи денеска околу 12:30 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, кога 37-годишниот Х.К. од Скопје, управувајќи автомобил марка „пасат“ со скопски регистерски таблички, удрил во 78-годишниот велосипедист Ј.Ќ., исто така од Скопје.
Од силниот удар, возиачот на велосипедот починал на самото место, а наместо да повика итна помош, возачот побегнал од местото на несреќата, оставајќи го возилото зад себе.
По интензивна потрага, полицијата успеала да го пронајде и уапси неколку часа подоцна.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека случајот е целосно документиран и дека против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање помош на лице во опасност.
Овој трагичен настан уште еднаш ја отвори темата за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, но и за одговорноста на возачите кои не ги почитуваат основните правила и човечките животи на патиштата.
















