Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац откриле импровизирана лабораторија за вештачко одгледување марихуана, три насади со канабис, а во акцијата бил уапсен 67-годишниот Р. М. од Крагуевац.
При претрес на имот што го користел осомничениот, како и на семејната куќа во која живеел, полицијата пронашла опрема наменета за вештачко одгледување канабис.
На три локации биле пронајдени вкупно 211 растенија канабис, со вкупна маса од околу 92 килограми во свежа состојба. Во претресите биле пронајдени и околу 4,5 килограми марихуана во сува состојба.
Полицијата запленила и околу 7,5 литри канабисово масло, 238 грама семки од индиски коноп, осум шишенца со прихрана за растенија, две ламби за растење, како и уред за одвојување на цветовите.
Во текот на претресите биле пронајдени и пиштол и муниција со различен калибар.
Р. М. е осомничен за кривични дела поврзани со неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги, како и за недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи.
На 67-годишникот му е одредено задржување до 48 часа. По истекот на задржувањето, тој со кривична пријава ќе биде спроведен до Вишото јавно обвинителство во Крагуевац.







