ПРВ.мк
Балкан

ДРАМА ВО ЦРНА ГОРА: Карпа падна врз автобус полн со ученици на екскурзија, се врши евакуација - ова е бројот на повредени!

ДРАМА ВО ЦРНА ГОРА: Карпа падна врз автобус полн со ученици на екскурзија, се врши евакуација - ова е бројот на повредени!

Најмалку четири деца се повредени вечерва во сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со ученици од подгорички основни училишта. Несреќата се случила во местото Штитарицка Ријека, на магистралниот пат меѓу Мојковац и Колашин во Црна Гора.

Според првичните информации од теренот, полицијата претпоставува дека карпа се одронила од страната на патот и паднала врз автобусот.

Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија, а несреќата се случила околу 20:45 часот, на приближно три километри од Мојковац во правец кон Колашин.

Во болница биле пренесени четири деца и возачот на автобусот. Според првичните проценки, повредите најверојатно се полесни, но сите повредени биле упатени на лекарски преглед.

Од болницата во Бијело Поље било потврдено дека четири лица итно биле пренесени во оваа здравствена установа. На местото на несреќата биле испратени и сите расположливи екипи на Итната медицинска помош од Бијело Поље и Мојковац.

Во тек е евакуација на патниците од автобусот, додека надлежните служби работат на расчистување и обезбедување на теренот.

Полицијата продолжува со проверка на околностите под кои дошло до несреќата и треба да утврди како точно дошло до одронот и ударот врз автобусот.

Најнови вести