Четворица припадници на турската армија ги загубија животите откако воен хеликоптер се урна во турскиот округ Малатија, објави турскиот медиум „Хуриет“.
Според информациите што ги соопшти Министерството за национална одбрана на Турција (MSB), несреќата се случила во областа Саманкој, која се наоѓа во округот Јешилјурт.
Во соопштението на Министерството се наведува дека станува збор за воен хеликоптер од типот „-70“, кој се урнал од засега неутврдени причини.
Надлежните институции сè уште немаат утврдено што довело до падот на леталото, а во несреќата животот го загубиле сите четворица војници кои се наоѓале во хеликоптерот.
Министерството за национална одбрана изрази сочувство до семејствата на загинатите, турските вооружени сили и целата турска нација.






