Седумдесет и седумгодишниот Јован Д. почина во вторникот, на 13 октомври, во болница во Белград, откако повеќе од два месеца се борел за живот по тешката несреќа што ја доживеал на 6 август.
Според достапните информации, несреќата се случила додека старецот носел сад со врела течност, штотуку извадена од котелот при подготовката на ракија. Во еден момент тој се сопнал, ја изгубил рамнотежата и целата жешка содржина се истурила врз неговото тело.
По несреќата, Јован веднаш бил пренесен во болница во исклучително тешка здравствена состојба. Лекарите утврдиле дека имал изгореници на околу 30 проценти од површината на телото.
Медицинскиот тим повеќе од два месеца се борел да му го спаси животот, но и покрај вложените напори, повредите биле фатални. Јован им подлегнал на последиците од тешките изгореници на 13 октомври.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наложило да се изврши обдукција на телото. Со оваа постапка треба прецизно да се утврдат причините за смртта.








