Најмалку 33 лица загинаа во Русија откако консумирале нелегален алкохол продаден за околу еден долар по шише, кој бил мешавина со смртоносен метанол. Жртвите, меѓу кои имало возрасни лица, почнале да се разболуваат веднаш по конзумирањето, а обдукциите потврдија покачено ниво на метанол во телата.
Полицијата уапси 11 осомничени за домашно производство и дистрибуција на вотка со јачина од околу 45 проценти. Метанолот е високо токсична супстанца која дури и во мали дози може да предизвика сериозни здравствени проблеми или смрт. Масовните труења со фалсификуван алкохол во Русија се зачестени, а оваа трагедија е само последен пример на опасноста од нелегалната дистрибуција на алкохол.