ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: По гаснењето на пожарот во стан пронајдено тело на 37-годишен маж!

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: По гаснењето на пожарот во стан пронајдено тело на 37-годишен маж!

Триесет и седумгодишен жител на Кичево го загуби животот во пожар што избувнал во стан на улицата „4 Јули“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 21 јули во 18:55 часот, кога од Територијалната противпожарна единица Кичево било известено дека избувнал пожар во станбен објект.

Пожарникарите веднаш интервенирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. По завршувањето на интервенцијата, при прегледот на станот било пронајдено опожареното тело на С.С. (37) од Кичево.

На местото на настанот пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, при што дежурен лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Кичево, кои работат на утврдување на причините за пожарот и сите околности под кои дошло до оваа трагедија.

Засега не се соопштени дополнителни информации за тоа како избувнал пожарот, а истрагата треба да ги утврди точните причини за несреќата.