ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Сакал да изврши грабеж, но починал на необичен начин - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА: Сакал да изврши грабеж, но починал на необичен начин - ова се деталите!
Kristal

Четириесет и шестгодишен маж од албанско потекло починал синоќа околу 22 часот за време на обид за провала во вила во околината на Арецо, во централна Италија.

Според италијанските медиуми, инцидентот се случил додека починатиот и уште две лица, кои сѐ уште се во бегство, се обидувале да избегаат од имотот. Неговото тело било пронајдено во лозје во близина на куќата. На местото на настанот извршиле увид надлежните обвинители и карабинерите, повикани од сопственикот на вилата.

До трагедијата дошло откако се активирал алармот на објектот. Шурата на сопственикот, пензиониран адвокат, испукал предупредувачки истрел во воздух за да ги одврати провалниците.

При обидот за бегство, починатиот се заплеткал во зашилена и електрифицирана ограда, поставена за одбрана од диви животни, како свињи и волци кои често се присутни во регионот. Иако успеал да направи неколку чекори, набргу паднал, додека неговите соучесници побегнале.

Наредена е обдукција за да се утврди дали смртта настапила поради повреда на бедрената артерија или како резултат на други повреди при падот. Карабинерите се вратија на местото за дополнителни истражни дејствија, и покрај обилните врнежи од дожд.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo