Маж чиј идентитет засега не е соопштен бил пронајден починат на автопат, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настапила смртта.
Според првичните информации објавени од медиумите, станува збор за лице кое било удрено од возило, по што возачот го напуштил местото на настанот. На локацијата бил извршен полициски увид, а надлежните служби работат на идентификација на починатиот и на возилото што учествувало во настанот.
За случајот зборуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5 потврди дека денеска е пронајден починат човек на автопат.
„Денеска имаме еден таков случај. Згазен е човек, пронајден е човек на автопат, починат на лице место“, изјави Тошковски.
Надлежните органи продолжуваат со преземање мерки за утврдување на точната динамика на настанот. Засега не се соопштени повеќе официјални детали за идентитетот на жртвата, локацијата на која се случил настанот, ниту за возилото и лицето кое го управувало.
Истрагата треба да покаже што точно се случило и под кои околности дошло до трагичниот настан.






