ПРВ.мк
Црна Хроника

Застрашувачка сообраќајка: 28-годишник го загуби животот по излетување од патот

Застрашувачка сообраќајка: 28-годишник го загуби животот по излетување од патот

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин во кратовско, животот го загуби 28-годишен жител на Крива Паланка.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 00:10 часот во ОВР Кратово. Патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид.

Лекар од Итната медицинска помош на местото на несреќата ја констатирал смртта на возачот.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кратово.