Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Куманово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 18 јули 2026 година во 13:27 часот, на улицата „Бранко Богдански Гуцман“.
Во несреќата учествувал мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, кој удрил во седумгодишното дете.
По несреќата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница Куманово, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.









