ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Скопје - деталите застрашувачки

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Скопје - деталите застрашувачки

Педесет и седумгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни околу 11:10 часот. Судирот се случил на крстосницата меѓу улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“.

Во несреќата учествувале патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишен скопјанец, и мотоцикл со скопски таблички управуван од 57-годишен жител на Скопје.

Како последица на судирот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што повредите му биле констатирани од лекарите.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а надлежните работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до сообраќајката.