ПРВ.мк
Црна Хроника

По две недели неизвесност, Македонија во тага: Исчезнатиот маж пронајден мртов

По две недели неизвесност, Македонија во тага: Исчезнатиот маж пронајден мртов

Трагично заврши потрагата по 75-годишен жител на Кочани, кој се водеше како исчезнат од почетокот на месецов.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во утринските часови било пронајдено тело на починато машко лице на непристапен терен меѓу селата Јастребник и Бабиште во Штипско, на локација позната како „Блага јабука“.

По извршениот увид и преземените мерки било утврдено дека станува збор за Ј.Д. (75) од Кочани, кој престојувал во селото Јастребник. Неговиот внук на 1 јуни пријавил дека се оддалечил од домот и оттогаш му се губела трагата.

Во акцијата за извлекување на телото учествувале екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволната планинарска служба Осогово.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.