ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Четиригодишно момче се удави во аквапарк, лекарите безуспешно се бореле за неговиот живот!

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: Четиригодишно момче се удави во аквапарк, лекарите безуспешно се бореле за неговиот живот!

Во аквапаркот „Југово“ во Смедерево денеска се случи тешка трагедија во која животот го загуби четиригодишно момче.

Според очевидци кои се наоѓале на местото на настанот, екипата на Итната медицинска помош брзо пристигнала во аквапаркот по добиениот повик.

„Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, беше страшно да се гледа“, изјави еден од присутните очевидци.

Медицинскиот тим веднаш започнал со реанимација и направил максимални напори да го спаси детето, но за жал, обидите биле безуспешни и била констатирана смрт, пренесуваат белградските медиуми.

Сите околности под кои се случила оваа несреќа ќе бидат познати по завршувањето на увидот и истрагата на надлежните органи.