Седумдесет и шестгодишен велосипедист од кавадаречко е тешко повреден во сообраќајна незгода со патничко возило, по што возачот го напуштил местото на несреќата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 септември 2026 година, околу 09:00 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Марена и Сопот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило и велосипед.
Велосипедот го управувал Б.А. (76) од село Марена. По судирот, возачот на патничкото возило го напуштил местото на несреќата.
Во сообраќајката велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за утврдување на сите околности поврзани со сообраќајната незгода.








