ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Го нападнал малолетниот син со остар предмет!

ТАТКО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Го нападнал малолетниот син со остар предмет!

Полицијата во Крива Паланка привела 61-годишен жител на кривопаланечко село по пријава за физички напад врз неговиот малолетен син.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 септември во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода О.Р. (61).

Според пријавеното, тој го нападнал својот малолетен син, при што употребил и остар предмет.

По приведувањето, 61-годишниот маж бил задржан во полициска станица.

Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести