ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајка кај Кратово – сообраќајот се одвива со застој и пренасочување, ова се деталите!

Тешка сообраќајка кај Кратово – сообраќајот се одвива со застој и пренасочување, ова се деталите!

Попладнево, во близина на Кратово, се случила тешка сообраќајна несреќа која предизвикала застој во сообраќајот на овој патен правец.

Според информациите од АМСМ, од 15:17 часот сообраќајот на регионалниот пат с. Страцин – Кратово се одвива наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајната незгода што се случила на овој дел од патот.

Дополнително, од 15:40 часот е воведено пренасочување на сообраќајот за тешки моторни возила (ТМВ) кон граничниот премин Блаце, со цел да се олесни протокот и да се избегнат дополнителни застои.

АМСМ упатува апел до сите возачи за зголемена внимателност, прилагодување на брзината на условите на патот и почитување на поставената сигнализација. Особено се предупредува на можноста од појава на одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

Ваквите услови се најизразени на следните делници: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат особено претпазливи при управување со возилата.

Escape