ПРВ.мк
Македонија

НЕПРЕЧЕНО ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО НА БОЛНИТЕ, ИЗНЕМОШТЕНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

НЕПРЕЧЕНО ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО НА БОЛНИТЕ, ИЗНЕМОШТЕНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

Непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените лица, штитениците во старските домови и осудениците во затворите низ земјата, потврдуваат општинските изборни комисии.

Во Прилепскиот регион денеска гласаат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор. Претседателот на ОИК во Прилеп, Валентин Божиноски, истакна дека процесот се одвива без проблеми.

Во другите општини, гласањето исто така започна непречено: во Крушево 222 болни и немоќни лица, во Кривогаштани 61, а во Долнени 105. Во Битола, 141 болни и немоќни лица ја остваруваат својата граѓанска должност во домови за стари лица и во битолскиот затвор.

Претседателот на ОИК Струга, Минир Жута, информира дека денеска ќе гласаат 296 болни и изнемоштени лица и седум затвореници на 77 избирачки места. Во Струга се избира градоначалник меѓу девет кандидати, а за Советот ќе се гласа од 10 советнички листи.

Во Вевчани, денеска ќе гласаат девет болни и изнемоштени лица и еден затвореник, додека во оваа општина право на глас ќе остварат 2.090 гласачи на три избирачки места.

Процесот на гласање се одвива непречено, со обезбедување на избирачки материјали и организирано спроведување на гласањето на домашните адреси на болните и изнемоштените лица, како и во установите за стари лица и затворите.

Escape