ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка несреќа во Катланово: Велосипедист итно пренесен во болница

Тешка несреќа во Катланово: Велосипедист итно пренесен во болница

Четириесет и четиригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од велосипед во скопското село Катланово.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 3 август околу 10:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, несреќата се случила на улицата „7“ во Катланово, каде што А.К. (44) од Скопје изгубил контрола и паднал од велосипедот.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.