Тешка семејна трагедија се случила во областа Курбин во Албанија, каде тригодишно девојче го загубило животот во несреќа со земјоделско возило.
Според полициските информации, настанот се случил околу 19:50 часот во селото Малбард.
Таткото на девојчето, Б.А. (45), управувал и маневрирал со земјоделската машина во дворот на семејната куќа кога, според првичните информации, случајно го удрил детето.
Тригодишното девојче се здобило со тешки повреди и починало на самото место.
Полицијата и истражните екипи веднаш излегле на терен.
Под раководство на надлежното обвинителство се преземаат мерки за целосно утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.







