ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ОХРИД–РЕСЕН: Двајца сопатници тешко повредени - еве уште колку се борат за живот!

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ОХРИД–РЕСЕН: Двајца сопатници тешко повредени - еве уште колку се борат за живот!

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште три лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид–Ресен, во близина на селото Опеница.

Несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година, во 17:30 часот во СВР Охрид. Во неа учествувале патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р. (67) од Велика Британија, и автомобил „опел“ со битолски регистарски ознаки, зад чиј волан бил Х.Б. (28) од селото Буково, битолско.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле Д.С. и И.З., кои биле сопатници во возилото „опел“. Нивните повреди биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Телесни повреди биле констатирани и кај возачот на „сузуки витара“, М.Ј.Р., како и кај двете сопатнички во „опел“, А.С. и А.С. Тие биле прегледани и медицински згрижени во Општата болница во Охрид.

По насоки на јавен обвинител, увид на местото на сообраќајната несреќа извршила увидна екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.

Најнови вести