ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕШАНКА МЕЃУ 19-ТЕ ПРИВЕДЕНИ ВОЗАЧИ: Возела под дејство на алкохол - еве каква казна и следува!

ВЕЛЕШАНКА МЕЃУ 19-ТЕ ПРИВЕДЕНИ ВОЗАЧИ: Возела под дејство на алкохол - еве каква казна и следува!

Деветнаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, десетмина биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол. Меѓу нив е и 34-годишната З.Б.П. од Велес. Во информацијата на полицијата не е наведено со колку промили алкохол била затекната велешанката.

Покрај неа, поради возење под дејство на алкохол биле лишени од слобода и М.Р. (24) од скопско, Н.К. (23) од демирхисарско, Х.Т. (20) од Битола, Ф.А. (24) од Куманово, С.И. (33) од кумановско, З.Л. (49) од Свети Николе, Г.С. (45) од Делчево, Г.Ч. (48) од Кавадарци и К.Р. (26) од Кавадарци.

Осум лица биле лишени од слобода бидејќи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за С.В. (47) и М.Ј. (23) од Скопје, Б.И. (20) од селото Драчевица, скопско, Р.Т. (18) од Гевгелија, З.Х. (59) од селото Локвени, прилепско, А.Р. (34) од селото Горна Речица, тетовско, како и двајца 16-годишници од гостиварско.

Од слобода бил лишен и И.Б. (39) од Скопје, кој бил затекнат како управува моторно возило иако имал активна забрана за управување.

По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Најнови вести