ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕПАЧКА ГО ПРЕКИНА ЈАВНИОТ НАСТАН ВО ПЕШТАНИ: Приведени повеќе лица, меѓу кои и велешани!

ТЕПАЧКА ГО ПРЕКИНА ЈАВНИОТ НАСТАН ВО ПЕШТАНИ: Приведени повеќе лица, меѓу кои и велешани!

Шест лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка за време на јавен настан во охридското село Пештани.

Како што информираат од МВР, на 28 август 2026 година во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Т.И. (42) и М.И. (36), двајцата од Велес, Г.М. (52) и А.Т. (45), двајцата од Пештани, П.Б. (21) од Битола и Н.Г. (19) од Прилеп.

Според полицијата, шестмината за време на јавниот настан го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Сите биле приведени во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.