ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Весна Јаневска се соочува со голема загуба - ја напушти овој член од семејството!

ТАЖНА ВЕСТ: Весна Јаневска се соочува со голема загуба - ја напушти овој член од семејството!
Kristal

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст почина професорот и хирург Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневски беше препознатлив по долгогодишната кариера во хирургијата и посветеноста на медицинската едукација. Со голема одговорност се однесувал кон пациентите и бил ментор на генерации млади лекари и хирурзи. Неговото професионално наследство продолжуваат да го носат доктори кои денес работат во Клинички центар „Мајка Тереза“ и други здравствени установи.

Колегите го опишуваат како строг, но правичен наставник, со изразена хуманост и професионален интегритет.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот во капелата во Бутел, каде семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo