Меѓународниот аеродром во Кувајт денеска беше цел на напад со дрон, при што е причинета материјална штета.
Портпаролот на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, Абдула Ал-Раџи, информираше дека неколку вработени се здобиле со полесни повреди, а оштетен е патничкиот терминал Т1.
Според надлежните, веднаш по инцидентот биле активирани сите пропишани процедури за итни ситуации. Властите соопштија дека состојбата е ставена под контрола и дека безбедноста на патниците и персоналот останува највисок приоритет.


















