На 27.02.2026 околу 22:30 часот, полициски службеници во Скопје, на подрачјето на општина Центар, сопреле патничко возило управувано од З.Т. (33) од Скопје. Во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не бил во роднинска врска.
З.Т. е лишен од слобода, а со него и со двете малолетнички бил извршен службен разговор во присуство на родителите, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.


















