СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според истрагата, тој набавувал марихуана и семки од канабис, ги препакувал во помали паковки и вршел продажба со цел противправна добивка.
При претрес во автомобилот му биле пронајдени 27 семки канабис, а при претрес во апартманот во Охрид – марихуана.


















