ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАГА ВО ХОЛИВУД: Почина актерот од култниот филм со Арнолд Шварценегер, имаше само 43 години

ТАГА ВО ХОЛИВУД: Почина актерот од култниот филм со Арнолд Шварценегер, имаше само 43 години

Поранешниот детски актер Кристијан Казинс (Christian Cousins), кој се прослави со улогата во култната комедија „Полицаец од градинка“ (Kindergarten Cop) со Арнолд Шварценегер, почина на 43-годишна возраст.

Според информациите што ги објави американскиот портал TMZ, актерот починал на 20 октомври, по долга борба со здравствени проблеми поврзани со заболување на црниот дроб.

Тажната вест ја потврдил неговиот полубрат Џонас Резер, кој преку социјалните мрежи се простил од него со емотивна порака.

„Кристијан беше во многу тешка состојба поради болеста на црниот дроб. Ме теши помислата дека сега е на небото со својата мајка, ослободен од болката што ја носеше. Почивај во мир, Кристијан“, напишал неговиот полубрат.

Тој го опишал како човек со огромна енергија, страст кон животот и големи соништа.

Казинс остана најпознат по улогата на момчето Доминик во филмот „Полицаец од градинка“ од 1990 година, во кој глумеше заедно со легендарниот Арнолд Шварценегер.

Интересно е што улогата на Доминик ја делел со својот брат близнак Џозеф.

Во интервју од 2020 година, Кристијан раскажал дека филмската екипа ги забележала него и неговиот брат во претходни актерски проекти.

По средбата со режисерот Иван Рајтман и Арнолд Шварценегер, двајцата веднаш ја добиле улогата.

Иако се прослави уште како дете, Кристијан Казинс о

Најнови вести