Раните утрински часови беа нарушени од сериозна сообраќајна несреќа во Росоман, која предизвика вознемиреност кај жителите.
Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила околу 04:30 часот, кога патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен жител на Росоман, изгубило контрола.

Возилото најпрво удрило во бетонски столб, а потоа и во објект на улицата „Пролетерска“, при што биле соборени повеќе столбови и е предизвикана значителна материјална штета.
Во автомобилот се наоѓале четири млади лица кои се враќале од свадба. Според првичните информации, сите поминале со полесни повреди, но две лица биле задржани на понатамошно лекување.










