Тешка трагедија го потресе српскиот град Зрењанин, каде што бебе починало во семејниот дом, а надлежните институции ги утврдуваат околностите под кои настапила смртта.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, постои сомневање дека бебето се задушило, но точната причина за смртта засега не е официјално потврдена.
Како што објавува „Блиц“, мајката на детето била приведена на разговор во полиција со цел да се расветлат сите детали поврзани со трагичниот настан.
Неофицијалните информации укажуваат дека засега нема сомнителни околности и дека постои можност да станува збор за природна смрт.
Телото на починатото бебе е испратено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.
Полицискиот увид сè уште трае, а случајот го презело надлежното јавно обвинителство.








