ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Тело на жена пронајдено во езерце - ова се првичните детали!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Тело на жена пронајдено во езерце - ова се првичните детали!
Kristal

Ноќеска, Струмица беше потресена од трагичен настан што ја вознемири јавноста. Во 01:45 часот било пријавено дека во езерцето кое се наоѓа во Градскиот парк е пронајдено безживотно тело на жена, по што веднаш биле алармирани надлежните служби.

Информацијата за настанот за медиумите ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица, од каде посочија дека по пријавата било постапено согласно пропишаните процедури.

На местото на настанот излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид со цел да се утврдат сите релевантни околности поврзани со случајот. По завршувањето на првичните дејствија, телото на починатата било предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе се извршат понатамошни испитувања.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во моментов не изнесуваат дополнителни информации, а повеќе детали за случајот најавуваат откако ќе завршат надлежните постапки и ќе бидат познати официјалните наоди.

FixCredit
Escape