Во францускиот град Бевраж, на северот од земјата, две 15-месечни близначки се пронајдени мртви во нивниот дом, додека истражните органи засега претпоставуваат дека причината може да биде тешка дехидрација предизвикана од екстремните летни горештини.
Во истиот дом биле пронајдени уште четири деца со симптоми на дехидрација, а едно од нив е во критична здравствена состојба и се бори за живот, соопштуваат надлежните служби.
Полицијата и итната медицинска помош интервенирале во понеделник околу 13:30 часот, по повик од родителите. Според првичните информации, мајката ги ставила близначките да спијат во недела навечер околу 19:00 часот, а следното утро било забележано дека не даваат знаци на живот.
Родителите се приведени, а обвинителството во Франција отвори истрага за можен случај на занемарување и непружање соодветна грижа за децата.
Трагедијата се случува во период на силен топлотен бран кој ја зафати Франција, со високи температури што во неколку региони достигнуваат рекордни вредности, што дополнително ја комплицира состојбата и го отвора прашањето за безбедноста на најранливите категории население.







