Тешка несреќа со смртни последици се случила во скопското село Грушино, каде 73-годишен маж го загубил животот додека работел со трактор.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни околу 19 часот во СВР Скопје било пријавено од приватна здравствена установа во село Арачиново дека кај нив бил донесен починат И.Ш. (73) од село Грушино.
Во разговор со полициските службеници, братот на починатиот појаснил дека несреќата се случила при стартување на трактор на кој била прикачена собирачка за сено. Според првичните информации, тракторот бил оставен во брзина и во моментот на стартување почнал самостојно да се движи.
При тоа, 73-годишникот бил зафатен од приклучокот за собирање сено, при што се здобил со тешки повреди.
По несреќата веднаш бил транспортиран кон здравствена установа за укажување медицинска помош, но за жал им подлегнал на повредите пред да пристигне на лекување.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки телото на починатиот им било предадено на членовите на семејството.
Надлежните институции ги утврдуваат сите околности поврзани со трагичниот настан.









