ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: ПОЧИНА ПРАТЕНИК!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: ПОЧИНА ПРАТЕНИК!
Kristal

Поранешниот пратеник Благојче Трпевски (60) ненадејно почина, а веста ја објави екс премиерот Димитар Ковачевски, упатувајќи длабоко сочувство до неговото семејство.

Ковачевски истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен и принципиелен човек, кој оставил значаен отпечаток во јавниот живот, особено во реализацијата на патниот Коридор 8 и развојот на државата. „Неговата посветеност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“, напиша Ковачевски.

Семејството на Трпевски во минатото доживеа непоправлива лична трагедија. Неговиот син, Јовица, беше меѓу жртвите во страшната несреќа со автобус во февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од патот и се преврте.

Со оваа нова загуба, семејството повторно се соочува со голема болка, оставајќи јавноста во шок и тага.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo