ПРВ.мк
Црна Хроника

Социјалните мрежи ги користел за одмазда: Уапсен 19-годишник по пријава од поранешната девојка - еве со што и се заканувал!

Социјалните мрежи ги користел за одмазда: Уапсен 19-годишник по пријава од поранешната девојка - еве со што и се заканувал!

На 8 август 2026 година, во 21:40 часот, во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода 19-годишниот А.М. од Кочани, по претходна пријава поднесена од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко.

Според пријавеното, во периодот од 30 јули до 7 август 2026 година, тој преку мобилни апликации и уреди, без нејзина согласност, направил експлицитни видеа и фотографии од неа.

Исто така, според пријавата, преку апликации на социјалните мрежи ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а видеата и фотографиите ги направил достапни и за трети лица.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.