ПРВ.мк
Црна Хроника

СО НОЖ SВЕРСКИ ЈА ИЗБОДЕ ИРИНА ВО ВОЗ: Убиецот на украинската бегалка прогласен за неспособен за судење – Трамп бараше смртна казна!

СО НОЖ SВЕРСКИ ЈА ИЗБОДЕ ИРИНА ВО ВОЗ: Убиецот на украинската бегалка прогласен за неспособен за судење – Трамп бараше смртна казна!

Мажот кој е обвинет за бруталното убиство на украинската бегалка Ирина Заруцка во Северна Каролина е прогласен за неспособен за судење. Декарлос Браун минатиот октомври беше обвинет дека до смрт ја избодел 23-годишната Ирина во воз во Шарлот.

Според наводите на федералните обвинители и морничавите видеоснимки, Заруцка, која побегнала од војната во Украина по руската инвазија, седела на седиштето пред Браун во возот кога тој ненадејно ја нападнал минатиот август.

За време на последното сослушување во судницата, Браун имал насилен испад. Тој почнал да вика, барајќи да го праша судијата дали воопшто ја прегледал неговата процена за ментално здравје, пренесува „Индипендент“.

„Имам туѓ материјал во моето тело“

Браун бил подложен на детална психијатриска процена во Корективниот центар „Метрополитен“ во Чикаго во рамките на федералниот затворски систем, каде што експертите поминале часови во разговор со него. Меѓу другото, тој извикувал во судницата дека сака да поднесе пријава против ФБИ и тврдел дека во неговото тело има „вметнат материјал“.

Судијата пресуди дека Браун ќе остане во притвор каде што ќе прима силна терапија со лекови во траење до четири месеци, со цел лекарите да се обидат да ја повратат неговата ментална способност за да може да му се суди.

Трипати ја прободел со нож пред патниците

Камерите за видеонадзор во возот го снимиле моментот кога несреќната Заруцка влегува во вагонот и седнува во редот пред Браун. Само неколку минути подоцна, Браун извлекол нож и трипати силно ја прободел девојката. Потоа ладнокрвно се оддалечил од неа, а полицијата подоцна го пронашла и го уапсила на самиот железнички перон.

Против Браун е покренато федерално обвинение за насилство во железнички превоз и јавен сообраќај со смртни последици. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со доживотен затвор или со смртна казна.

Покрај ова, тој се соочува и со обвинение за убиство од прв степен на ниво на сојузната држава. Сепак, тој процес сега е одложен за најмалку шест месеци бидејќи судот утврдил дека обвинетиот е „потполно неспособен да учествува во судската постапка“, пренесува ЦНН.

Доналд Трамп побара смртна казна за „монструмот“

Американските медиуми потсетуваат дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече Браун „растроено чудовиште кое било оставено на слобода и покрај 14 претходни апсења“.

„Не смееме да дозволиме изопачениот криминален елемент на насилни повратници да продолжи да сее уништување и смрт ширум нашата земја“, изјави Трамп минатиот септември, барајќи најстрога можна казна за овој свиреп чин.

Најнови вести